Балканските држави трошат два пати повеќе енергија по долар од бруто домашниот производ (БДП) од земјите во Западна Европа, се наведува во редовниот извештај на Светската банка. Од Банката потенцираат дека владите на земјите (Албанија, БиХ, Србија, Косово, Македонија и Црна Гора) од Југоисточна Европа преку своите национални акциони планови за енергетска ефикасност се обврзале до 2018 година да заштедат околу 9% од финалната потрошувачка на енергија. Балканските земји треба прво да решат повеќе препреки во кои ги вклучуваат ниските цени на енергијата, недоволната информираност за технологиите, енергетските монополи. Клучен структурен проблем на сите земји се ограничувањата околу снабдувањето со енергија - се вели во извештајот и се посочува дека регионот без значајни инвестиции во енергијата до 2020 година ќе стане нето увозник на струја.
Балканските држави трошат два пати повеќе енергија по долар од бруто домашниот производ (БДП) од земјите во Западна Европа, се наведува во редовниот извештај на Светската банка.
Од Банката потенцираат дека владите на земјите (Албанија, БиХ, Србија, Косово, Македонија и Црна Гора) од Југоисточна Европа преку своите национални акциони планови за енергетска ефикасност се обврзале до 2018 година да заштедат околу 9% од финалната потрошувачка на енергија.
- Балканските земји треба прво да решат повеќе препреки во кои ги вклучуваат ниските цени на енергијата, недоволната информираност за технологиите, енергетските монополи. Клучен структурен проблем на сите земји се ограничувањата околу снабдувањето со енергија - се вели во извештајот и се посочува дека регионот без значајни инвестиции во енергијата до 2020 година ќе стане нето увозник на струја.
Светска банка напоменува дека за задоволување на потрошувачката, според сегашните трендови, на Балканот ќе му недостасуваат 10% електрична енергија.
- Ако состојбата остане иста до 2030 година, овој јаз ќе се зголеми на 30% - велат од Светска банка.
Од Банката проценуваат дека само за да се одржи некаква рамнотежа земјите во следните 10 години треба да инвестираат околу 44,6 милијарди евра.
- За балканските држави да преминат во економии со ниски емисии на стакленички, гасови сумата треба да биде многу поголема - стои во извештајот на Светска банка.